По повод годишнината од раѓањето на големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст, 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на МеЃународната Федерација на друШтвата на Црвен крст и Црвена полумесечина што се одвива под мотото “Насекаде за секого”.

Денес, ќе се оложи свежо цвеќе на бистата на АнриДинан пред седиШтето на Црвен крст Охрид, а утре, во 10 часот ќе има Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиШтето на Црвен
крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училиШта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции Ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст.

Во вторник, во Факултет за туризам и угостителство, во 10 часот ќе започне крводарителска акција, а предвидени се и Работилници за дисеминација-Ширењето на знаењата
за Црвениот крст со претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа како и со претставници на медиумите и владините институции (Локалната самоуправа во Охрид и Дебрца, ТППЕ Охрид, СВР Охрид, ЦУК, ДЗС, Министерство за одбрана).

OhridNews