
На плажата „Куба Либре“ во 12 часот концерт ќе одржи Y- PEER амбасадорот за Македонија – Дани Димитровска. Концертот ќе биде проследен со едукативно забавни активности за проверка на знаењето за ХИВ/СИДА на посетителите и вештините за правилна употреба на кондом.
Во Скопје, вечерва Културниот центар Креатив ќе се одржи Јавна дебата на тема Младински активизам- практики и препораки за подобрување на меѓуетничкиот дијалог.
Под мотото „Наша година, наш глас“ младите во целиот свет ја прославуват интернационалната година на млади 12 Август 2010 – 12 Август 2011.
Како што информира Y- PEER Македонија, во рамки на интернационалната година на млади тие се фокусираат на потребата од воведување сексуално образование, иницијатива под слоганот „Сексуално образование во Македонија, кога ако не сега“.











