По повод стогодишнината од Охридското востание, делегација на Општина Охрид, денеска, ќе положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите во востанието во селото Велгошти. 

Охридското востание било предводено од војводата Петар Чаулев. Тоа било организирано во соработка со албанскиот револуционерен комитет, што всушност претставува и соединување на македонците и албанците , против тогашната српска окупаторска власт. Востанието се случува во 1913 година, кога е потпишан Букурешкиот мировен договор и според историчарите е резултат на незадоволството на народот од потпишувањето на мировниот договор и претставува израз на револт кон големите сили поради нивното учество во потпишувањето на документот со кој е распарчена Македонија.

OhridNews