На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане  Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски,  Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.

На дванаесетгодишнината од трагичниот настан, во Прилеп денеска ќе биде откриен нов гол споменик „Прилепски бранители“ посветен на 10-те прилепски резервисти на АРМ кои ни загубија животите кај Карпалак.

Високиот модерен споменик лоциран среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Основниот суд ја симболизира вечноста на делата на сите прилепски херои.

На годишнината од овој настан, како што е најавено, делегации ќе ја  посетат месноста Карпалак. Во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп, пак, ќе се одржи панихида во спомен на загинатите бранители, а ќе биде положено цвеќе на гробовите на загинатите.

OhridNewsизвор:„Макфакс“