Поради најава за влошување на временските услови се одложува асфалтирањето на улица „Јане Сандански“ што беше предвидено за денеска. Поради подготвителните активности според најавеното улицата ќе биде затворена за сообраќај.
Инаку претходно беа завршени активностите за уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата по целата должина. Завршени се и работните активности за поставување на ново улично осветлување. Поставен е нов дрворед, а се предвидени и соодветна сообраќајна сигнализација, велосипедски патеки и две автобуски постојки.
Како дел од претходните градежни фази, на овој значаен инфраструктурен проект, беше поставена нова главна водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри и завршени се сите поединечни приклучоци на домаќинствата. Исто така, извршено е поставување на нова фекална канализација во должина од 400 метри со димензии Ф300.
Следува поставување на нов асфалт за коловозната лента, како и асфалтно поврзување и нивелирање на коловозот со сите попречни улици кои гравитираат кон улицата „Јане Сандански“, информираат од општина.
OhridNews













