Одржан традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“, во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Се натпреваруваа осум ученици подготвени од менторите Валентина Рубаноска од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, Санте Миткова од ООУ „Христо Узунов“, Наташа Митреска ООУ „Григор Прличев“, Емилија Блажеска од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и Снежана Стојаноска од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти.
Наскоро ќе биде познат победникот на општинскиот натпревар кој ќе има право да го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ чиј домаќин треба да биде охридската библиотека, а поради Ковид пандемијата е одложен за мај идната година, велат од библиотеката.
Тестирањето по претходно подготвени прашања од областа на библиотекарството го спроведе комисијата во состав Никола Ристовски – претседател, Бети Лазеска – Симоноска, Елизабета Бојчевска и Христина Трпеска-членови.
Од библиотеката додаваат дека успеале и во Ковид услови да го одржат натпреварот со почитување на протоколите.
OhridNews














