Во Рамки на 34. Поетска ноќ во Велестово се одржа проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“.
Со свое излагање се вклучија и дел од другите поети учесници на „Поетската ноќ во Велестово“ ‒ Лидија Димковска и Ана Голејшка Џикова од Македонија.
Поетското читање се одржа во кафе и бар „Шила“ во Охрид, а работилницата за кретивно пишување и иновативно интерпретирање поезија, на која учество зедоа младите од Охрид и регионот, како и учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ се одржа во просториите на „Касарна Хаб“, Охрид.
Проектот OH READ е поддржан од програмата на РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија, и помогнат од „Касарана ХАБ“, кафе и бар „Шила“ од Охрид, како и од „ПНВ Публикации“ од Скопје.
OhridNews












