Сагата околу Интер и Мауро Икарди ја тресе Италија долго време. Клубот му ја одзеде капитенската лента на Икарди, а поради несогласувањата со управата не е во тимот и не се знае како ќе заврши, а причината најдобро ја знае поранешниот сопруг на Ванда Нара, Макси Лопез.

Целата оваа ситуација е поради Ванда Нара и нејзиниот начин на функционирање. На Икарди му е потребен агент кој знае како се преговара со клубовите. Тој ќе знае кога да притисне, кога да попушти. Квалитетните играчи треба да имаат квалитетни агенти, а Икарди тоа го нема – порача Макси Лопез.

Искусниот фудбалер додека биле во брак ја одбил Ванда Нара да го преставува во светот на фудбалот, а причината е повеќе од јасна. – Сакаше да биде мој агент, а јас веднаш одбив. Никогаш не ни размислував за таква работа. Таа беше член на мојата фамилија, а јас никогаш не ги мешам приватните работи со фудбалот.

Икарди и Макси Лопез своевремено беа соиграчи во Сампдорија и големи пријатели. Но се` се заврши кога Икарди ја „украде“ Ванда Нара.  Од тогаш, Макси Лопез нема убави зборови за двајцата.

Тие се исти. Нивното однесување е исто, а можам да кажам дека Икарди е многу полош. Верував дека ќе се опамети кога ќе стане татко и ќе разбере што ми направи, но не. Му се јавив на синот да му честитам роденден, а Икарди и Ванда Нара ме нападнаа по телефон. Што да речам повеќе… – заврши Макси Лопез.

Макси Лопез моментално настапува во Васко де Гама, а во Италија покрај боите на Сампдорија ги бранеше на Милан, Катанија, Киево, Торино и  Удинезе. Една сезона Макси Лопез беше дел од Барселона.

OhridNews