Тројца работници се повредени додека сервисирале лифт на клиниката за психијатрија, јавува „Макфакс“.

Несреќата се случила во 13.56 часот додека работници кои биле вработени во фирма за сервисирање на лифтови, го поправале лифтот на Клиниката.


фото – илустрација

Според првичните информации од полицијата, се откачиле сајлите на лифтот којшто паднал и ги потиснал работниците.

Тројцата повредени работници се пренесени во Ургентниот центар.

OhridNews
извор: „Макфакс“