Одржувањето на традиционалната Илинденска кајакарска регата е доведено во прашање. За првпат после 65 години од формирањето на најстариот кајакарски клуб Стрмец од Охрид во Македонија постои опасност регатата да биде откажана.

– Главна причина е недостаток на финансиски средства . Клубот за да го надмине овој проблем закажа состанок за в понеделник на Управниот одбор во проширен состав со единствена точка на дневен ред Формирање на Организационен одбор  за спроведување на регатата – велат од клубот.

Клубот  ги повикува сите заинтересирани бизнисмени да го помогнат клубот за надминување на овие проблеми со влегување во органицзационен одбор со еденствена цел да се одржи традиционалната меѓународна регата  „Охрид 2012“, која во план е да се одржи на 4 и 5 август во водите на Охридското Езеро.

Ohridnews