Се отстранува фонтаната на плоштадот „Крушевска Република“. Според информациите од Општина Охрид отстранувањето е во рамки на подготвителните активности за реконструкција на плоштадот, со цел кога ќе се добијат потребните одобренија теренот да биде подготвен за работни активности.

Oтстранувањето на фонтаната на плоштадот „Крушевска Република“ е во согласност со предвидената реконструкција на плоштадот. Во овој момент фонтаната ќе биде отстранета, а површината ќе биде соодветно уредена. После добивањето на одобрението за реконструкција на плоштадот веднаш ќе се започне со негова целосна реконструкција, велат од Општина Охрид.

Инаку, изградбата на плоштадот „Крушевска Република” е капитален проект вреден 47 милиони денари. Според проектот плоштадот треба да добие нов и модерен изглед, со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана, садници и клупи, канти за отпадоци.

За неговата реконструкција од страна на НУ „Завод и Музеј“ Охрид претходно беа спроведени археолошки истражувања во насока на утврдување дали и каков археолошки материјал има, а со цел добивање одобрение за градежни активности.

Н.С.Ј.

фото. Бобан Стојаноски