Локалниот инспекторат, денес,започна акција за подигање на нелегално поставена урбана опрема на јавните површини во градот.
Се подигаа маси и столици од рестораните и кафулињата кои не ги подмириле обврските кон Општината ,односно нивните сопственици не платиле комунални такси и не се придржувале кон договорот за закуп на земјиштето.
Како што информираат од локалната самоуправа, акциите за отстранување на нелегално поставената урбана опрема ќе продолжат и во текот на наредниот период.
OhridNews