Започна отстранувањето на буквите од името „Александар Велики“ на аеродромот во Скопје. Инаформацијата ја потврди концесионерот ТАВ Македонија, од каде информираат дека тоа се прави согласно инструкциите на Владата.

– Почнавме да ја имплементираме Одлуката на Владата. Знакот со името на терминалната зграда се отстранува, додека процеси за промена на името исто така, согласно инструкциите на Владата, се спроведуваат, и за сите предмети и содржини на аеродромот. – соопшти ТАВ Македонија.

Владата неодамна на седница усвои ослука за преименување на аеродромот „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром Скопје, како дел од мерките за градење доверба со јужниот сосед Грција, a во насока на решавање на спорот со името на Македонија.

OhridNews