Локалната самоуправа заедно со Јавното претпријатие „Градски гробишта“, преземаат интензивни мерки и активности за средување на градските гробишта.
Како што информираат од локалната самоуправа, се чистат магацинските простори, се отстрануваат дивите депонии, односно инфраструктурно и хортикултурно се уредува околниот простор.
Во овие активности, интензивно се вклучени и другите јавни претпријатија како МЈП „Проаква“ и ЈП „Нискоградба“, се со цел на граѓаните на Охрид да им се овозможи достоинствено да ги чествуваат велигденските празници.
„За да му го вратиме на гробиштата изгледот кој им е цивилизациски својствен, мораме да го смениме односот кон нив. Гробовите не смеат да бидат место каде што ќе се депонира човечкиот отпад, каде што ќе се таложи човечката негрижа и лакомост по сопствени интереси. Гробиштата пред се треба да бидат место кое не поврзува со нашите мртви предци, достоинствено и возвишено.“ – велат од општина Охрид.
Инаку, во изминатиот период, на овој потег забележителни беа голем број на депонии од градежен шут и друг отпаден материјал.
OhridNews