“Феникс” на читателите ќе им понуди над две илјади свои изданија за возрасните и најмладите. Меѓу нив се и најновите популарни изданија на “Феникс” и тоа: “Природно лекување на децата” од Винифред Конклинг, “Употребата на светот” од Никола Бувие, “Дијабетес” од Владимир Соколов, “Најуспешни диети” од Група автори, “Подобрете го видот” од Лорин Деј, “Книга за секој маж” од Ерик Флечер, “Најчести болести и болки и нивно најефикасно лекување” од Викторија Хуберт, “Тајни на долговечноста и подмладувањето”, “Илјада совети за секое домаќинство” и други.
Во рамките на изданијата наменети за летниот одмор, спаѓаат хитовите: “Накит” од Даниела Стил, “Трета девојка” од Агата Кристи, “Мелем за вљубените” од Барбара де Анџелис, “Најголемата тајна на светот”, “Најголемиот успех на светот” и “Дванаесеттиот ангел” од Ог Мандино, “Моќта е во вас” од Лујза Хеј, “Деловна придружба” од Џенет Енџел, “Шеесет начини за стекнување самодоверба” и “Шеесет начини да го промените својот живот” од Линда Филд, “Како до сопствено совршенство” од Сондра Реј, “Збогум навики” од Питер Коен и Стен Камин, “Вештина на војувањето за менаџери” од Доналд Краус и други.
Вниманието на најмладите читатели, ќе го привлечат енциклопедиските изданија: “Сто и еден начин да ја спасиме Земјата”, “Планети и ѕвезди”, “Мориња и океани”, “Знам зошто, знам како”, “Најпознати личности на светот”, “Најпознати градби на светот”, “Најпознати пронајдоци на светот”, “Најубави бајки” од Грим и Андерсен и други.
Од македонските автори, тука се најновите книги на: Јордан Плевнеш, Душица Илин, Петко Дабески, Радован Павловски, Ристо Ѓ. Јачев, Ката Мисиркова Руменова, Христо Петрески, Ерол Туфан, Трајче Кацаров, Луси Караниколова, Зоран Пејковски, Маја Филиповиќ, Петко Шипинкаровски и други.