Се отвора новиот деловно-информативен центар на НП Галичица
18.11.09 09:15
Со свеченост што ќе се одржи денеска на пладне, во употреба ќе биде пуштен новиот деловно – информативен центар на НП Галичица кој се наоѓа над бензинската пумпа “Билјанини извори“.
Изградбата на деловно-информативниот центар која започна во март годинава, финансиски ја помогна италијанското министерство за надворешни работи.
Во меѓувреме започна и трансформација на НП Галичица во модерен национален парк. Изработката на интегрираниот план за управување со НП Галичица треба да биде завршена во текот на овој месец, а тече и постапката за изготвување на Законот за повторно прогласување на Галичица за национален парк.
На овие теми вчера заседаваа проектниот Комитет и Проширениот тим за планирање и изработката на Планот за управување, кои расправаа по третиот полугодишен извештај за напредокот на проектот и предлог планот за управување со НП Галичица.
Доброволното противпожарно друштво „Ентузаијаст“ кое делува на териротиите на општините Охрид и Дебрца, доби вредна донација од австриската покраина Тирол Возниот парк на друштвото од денеска е поб...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера попладне лишиле од слобода 60-годишен охриѓанец Приведувањето уследи по претходна пријава дека околу 1630 часот во селото Велмеј, општина Дебрца, тој се обид...
По пауза од две и пол години во Охрид ќе се организира полагање на испит за управување со пловни објекти за спорт и рекреација Предвидени се повеќе термини, првото полагање ќе се одржи на 30 мај, а...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.