Раководителот на секторот за сообраќај на реномираната автотранспортна компанија „Галеб“ – Охрид, Димитар Василески, застана на лудиот камен. Димитар вчера ја овековечи љубовта со својата избраничка Ивана. Венчавката се одржа во црквата Успение на пресвета Богородица во Каменско, а гала веселбата во дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“, која и во оваа прилика ја разубави агенцијата за организација и декор на свечености „Импакт груп“. За забавата се погрижија познати естрадни уметници од Охрид, групата „Камелеон“ и Нино Величкоски, а настанот го овековечи „Мега продукција“.














