Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, стапи во брак со долгогодишната девојка, Јелена Ристиќ, во четвртокот вечерта на Свети Стеван, Црна Гора. Венчавката се одржала на Кралската плажа, покрај Вилата Моличер, до која не можело да се стигне од приватното обезбедување.

Гостите на свадбата биле сместени во Свети Стеван и со автомобили биле рпевезувани додо местото на кое била закажана венчавката.
Процедурата на граѓанската венчавка траела половина час, додека за 12.јули во манастирот Праскавица е закажана црковната венчавка.
„Макфакс“










