Гитаристот на легендарната група Ролингстоунс Рони Вуд се оженил со својата девојка Сали Хемфрис на приватна церемонија во хотелот Дорчестер во Лондон. На венчавката присуствувале и Род Стјуарт, кој бил кум, како и Пол Мекартни. На венчавката Сали носела бел свечен фустан, додека Рони Вуд носел темно одело и розе чорапи.
Вуд рекол дека се било совршено. Тој свирел со Ролнгстоунс уште од 1975 година и се борел со зависноста од дрога и алкохол. Ја напуштил својата втора сопруга Џо Вуд во 2008 година поради келнерката Екатерина Иванова. Неговиот развод од Џо со која има две деца официјално бил завршен минатата година. претходно бил оженет со Криси финдлеј со која има син.