Синоќа во Тирана и во Тетово се палеа државните знамиња на Македонија и Албанија.  Во центарот на главниот град на нашиот сосед, палењето и симнување на македонските знамиња беше регистрирано на видео снимка. Во тетовскиот регион, полициските службеници во текот на ноќта регистрирале исти вакви случаи, но овој пат настрадале албанските знамиња.

Од министерството за внатрешни работи на земјава, најостро ги осудуваат овие вандалски чинови и очекуваат брзо расветлување на случаите. „Ваквите нецивилизирани акти не се во прилот на добрососедски односи помеѓу двете земји. Настанот со палењето на македонски знамиња во Тирана е за време на официјлана посета на државниот врв од земјава. Не треба да се дозволи да се нанесува штета на односите, кои сакаме да ги градиме во духот на европските вредности. Македонската амбасада во Тирана, со вербална нота реагира до албанското ресорно министерство и очекуваме најостро санкционирање на сторителите“  – се вели во денешното официјално соопштение од МНР.


Во текот на ноќта тетовската полиција регистрирала два вакви случаи. Непознати сторители го запалиле албанското знаме кое било поставено на автопатот Тетово – Гостивар, на надвозникот кај Горно Седларце. Исто така, пред Центарот за култура во Тетово полцијата имала судир со лице, кое претходно го извадило албанското знаме поставено на објектот. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, апелира до граѓаните да не потпаѓаат на било какви провокации.


Некој можеби со право се чувствува испоровоциран, но граѓаните треба да се воздржат од секакви акти на насилство зашто еден инцидент, води кон друг, а тоа нема да ги смири тензиите. Сите вакви инциденти ќе бидат најостро санкционирани, а сторитителите кривично гонети“ – вели Јанкулоска.

OhridNews