Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамки на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ финансиран од од проектот CRESSIDA и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Скопје, одржа работилница со локални чинители за изработка на план за зачувување на Белчишкото блато.
Целта на работилницата беше да се добијат сознанија преку специјално дизајниран прашалник за ставовите на месното население за идниот режим на заштита кој треба да го добие блатото како дел од европската мрежа на заштитени подрачја НАТУРА 2000. Во рамки на настанот на кој присуствуваше градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески, се одржа саем со традиционална храна од зедниците кои живеат во близина на блатото.
-Следна активност ќе биде поставување две информативни табли со податоци за блатото кои ќе бидат лоцирани во с. Ботун и с. Белчишта како и работилница за презентација и јавна дискусија за нацрт-планот за зачувување на Белчишкото Блато како и прогласување Ден на Белчишкото Блато. 0 информираат од ЕД Грашница.
Инаку Белчишкото Блато попознато како Сини Вирој претставува редок и важен локалитет на национално и меѓународно ниво. Тоа е дел од националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување. Блатото е реликт од некогашното Десаретско Езеро, со кое Дебарца била поплавена во плиоценот (пред 5,3–1,8 милиони години). Блатото е специфично заради големите карстни извори, различните типови влажни живеалишта и особено поплавените евлови шуми.
OhridNews














