Општинскиот инспекторат од денеска со поголем интензитет ја продолжува акцијата за подигнување на нелегално поставената урбана опрема од јавните површини.

Утрово, надлежните инспекциски служби интервенираа на еден угостителски објект во централното подрачје, кој не извршил уплата на средства во дадениот рок согласно договорот.

Се подигаат масите и столиците за кои сопственици не добиле одобрение за поставување и не ги почитувале пропишаните правила и дополнителниот рок – 15 април, до кога истите до општината можеа да поднесат барање за поставување опрема.  Штом извршат уплата, повторно ќе им биде овозможено да ги постават масите и столовите, во рамките на она што е предвидено со Програмата и Договорот кој го постигнале со локалната самоуправа.“ – велат од општина Охрид.

Оттаму ја потсетуваат охридската јавност дека на општинскиот портал објавено е упатство, каде во детали е појаснето која е процедурата за добивање одобрение за поставување на урбана опрема.

Со оглед дека одлуките на Советот на општина Охрид , и упатството се објавени уште во месец март, а истото е преобјавено во јавните медиуми во Охрид, цениме дека сите интересенти за поставување на урбана опрема имаа доволно време да постапат според законот и да ги измират  своите обврски. Општина Охрид повторно потсетува дека службите на градот, мора и секогаш ќе работат согласно законот, без толеранција на било какви неправилности.“ – информираат од општината.
 
Инаку, засилената акција за подигање урбана опрема следи по опомените на инспекциските служби  до сопствениците на кафулињата и рестораните, кои опремата ја поставиле нелегално. Акцијата продолжува и во наредните денови.

OhridNews