Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува млекопроизводителите дека во тек е поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2015 година.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.

Барањата се поднесуваат до 30-ти април 2016 година во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од регистрирани откупувачи на сурово млеко запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

OhridNews