Струшни тимови деновиве вршат проверка на уличното осветлување во градот. Во моментот се заменуваат прегорените светилки и оштетени инсталации во стариот дел на градот, каде фрекфенцијата на гости во сезона е најголема.


Неодамна Агенцијата за патишта го презеде управувањето со осветлувањето на регионалниот патен правец Охрид-Св. Стефан, со ветување дека истото редовно ќе се одржува и ќе биде во функција.


Покрај осветлувањето, во тек е и санација на ударните дупки низ градските улици, што е вообичаена активност на надлежните пред почетокот на главната туристиќка сезона.

OhridNews