Здраствената состојба последниов период значително е подобрена на Михаел Шумахер, кој се рехабилитира во Женева од несреќата која ја имаше пред година и пол при скијање во Франција.


Менаџерката на фамилијата од Шумахер, Забине Кем со соооштение до јавноста информираше за подобрувањето на здраствената состојба на некогашниот Формула 1 првак.

– Среќни сме што можеме да кажеме дека неговата здравствена состојба станува се подобра, кога ќе се земе в предвид сериозноста на повредата која ја преживеа. – рече Забине.

Борбата на 15-те доктори од секоја област продолжува за враќањето на Шумахер, кој едвај беше спасен од најлошото по страотната повреда.

Ohridnews