Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки изнесува 26885 што претставува зголемување за 7.3% во однос на 2011 година.

Со годишните извештаи се опфатени 54 јавни и 3 приватни установи за згрижување и воспитание на деца – детски градинки.

Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе групи.

Во пораст е и бројот на деца кои ги посетуваат објектите при охридската ЈУ Детска градинка „Јасна Ристеска“. Во петте градинки во моментов згрижени се над 700 деца.