Бројни предлози и сугестии од претседателите на месните заедници, невладините организации и јавните претпријатија во градот се доставени до локалната самоуправа по завршувањето на јавниот увид за нацрт- фискалната стратегија и развојните програми на општина Охрид за 2013.

Како што истакна на јавната расправа градоначалникот Александар Петрески, во општинската каса има се помал прилив средства, а од тековната сметка се одлеваат пари по разни основи што е и причина за нереализирањето на одредени програми.

Владините препораки за намалување на даноците, наследените решенија за експропријација, се само дел од причините кои придонеле за намалување на приливот во општинскиот буџет, рече Петрески.

Градоначалникот го повтори ставот дека за општината да се справи со наследените долгови, неопходно е земање кредит за ншто е потребна согласност од министерството за финансии .