Колку и да се кријат информациите околу здравствената состојба на Михаел Шумахер, сепак по нешто протекува во јавноста. За жал последната информација кои ја пренесеа германските медиуми е дека се потешко се опоравува Германецот.

 Според истите медиуми дури и неговите најблиски изгубиле надеж дека во скоро време би се случило чудо и Шумахер би забележал виден здравствен напредок.

Најновите информации говорат дека Михаел во моментов тежи 45 килограми така што и докторите не се преголеми оптимисти по прашање на рехабилитацијата.

Медиумите пренесуваат вести дека Михаел се уште не е во состојба да разговара со членовите на своето семејство.

За неговото опоравување покрај докторите се грижат и 15 физиотерапеути, но сега засега тие не се од голема помош, пренесува германски медиум.

Останува да се почека некој ден да се демантира или да се потврди оваа нималку пријатна најнова вест околу здравствената состојба на седум кратниот светски првак во F1.

OhridNews