Еколошката свест на граѓаните, со одредени исклучоци во дел од селата кои се наоѓаат во рамки на националниот парк Галичица, во голема мера е подигната во изминатите неколку години, вели директорот на ЈУНП Галичица, Зоран Ангелоски.

Сметам дека граѓаните ја сфатија нашата порака пренесена преку Стратегијата за управување и расчистување на секаков вид отпад, донесена 2008 година. За таа цел, во изминатите неколку години, од наша страна беа поставени информативни табли, издадени брошури и поставени корпи за отпадоци на пешачките патеки од паркот и пристапните патишта, нагласува Ангелоски.

Тој информира дека се поретка е појавата на расфрлан отпад низ националниот парк, а како што потенцира, нивните служби во текот на оваа година воопшто и не приметиле фрлен градежен шут на Галичица, како што тоа често се случувало во текот на изминатите години.


Досега се собрани 500 камиони секаков вид отпад собран од територијата на националниот парк, а собирањето на отпадот ќе продолжи и во наредниот период.

OhridNews