Се поништува Јавниот повик за финансирање проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите, информираат од Општина Охрид.

Посочуваат дека утврдени биле пропусти, воопштеност и недостаток на критериуми по основ на кои би се разгледувале поднесените апликации.

Се известуваат апликантите во периодот од 05.05.2025 година до 09.05.2025 година, да ги подигнат своите поднесени апликации во просториите на општина Охрид (канцеларија за советници) во период од 08.00 до 16.00 часот, додаваат во известувањето.

OhridNews