Екипи при локалната самоуправа денес започнаа акција за пополнување на ударните дупки низ охридските улици.
Најпрво се санираат дупките низ централните градски улици, „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, по што ќе следи санација и на оштетените делови на коловозите на „7 –ми Ноември “,„ Бекир али Риза “ и на останатите улици низ Охрид каде има потреба од ваков зафат.
Во рамки на активностите бекатон плочките се отстрануваат, а на нивно место се става асфалт. Со проектот е предвидено асфалтен материјал да се стави на површина од околу 1 500 метри квадратни.
OhridNews