Од Националниот парк „Маврово“ потенцираат дека веќе неколку години се врши вештачко порибување на езерото Маврово и Реката Радика. „Во изминативе пет години овие водни басени се порибени со преку 200 илјади парчина подмладок на речната пастрмка. Оваа година акцијата опфати околу 15 000 риба, кои треба да го збогатат рибниот фонд во водите кои припаѓаат на националниот парк“ – вели Онер Јакупоски, директорот на Националиот парк „Маврово“.
Инаку, за време на порибувањето запленети се повеќе од 500 мрежи кои соодветно се уништени од страна на НП „Маврово“.