Во тек се градежните активности од правата фаза за поставување на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до мостот на реката Сушица, со вкупна должина од 610 метри. Според планираното, предвидено е да бидат поставени 21 ревизиона шахта и 37 сливници. Активностите на терен ги изведуваат екипи на ЈП „Нискоградба“ и истите се очекува да завршат за околу две седмици.

По поставување на атмосферската канализација ќе започнат и активностите за целосна реконструкција на улицата. Локалната самоуправа ќе биде задолжена за изградба и уредување на пешачките и велосипедските патеки, а ЈП „Државни патишта“ ќе биде задолжено за реконструкција на коловозот и поставување на нов асфалт.

Во моментов се подготвува тендерската постапка за изведување на втората фаза од атмосферската канализација на оваа улица, во потегот од реката Сушица до селото Лескоец, за која исто така се предвидени средства од буџетот на општина Охрид.

OhridNews