Во тек е втората и завршна фаза, поставување цевковод и приклучување во мрежа на новата водоводна линија на улицата „Браќа Миладиновци“, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 135 метри, велат од претпријатието.
Поради приклучување на новиот цевковод, како што претходно најавија од претпријатието денес има прекин во водоснабдувањето на сите улици од високата зона на стариот дел на градот до 16 часот.
OhridNews