Во тек е втората фаза од поставувањето на новата водоводна линија на улицата „Пирин Планина“. Од ЈП Водовод Охрид информираат дека се поставува цевковод и се врши приклучување на сите објекти во новата водоводна линија.
Како што претходно информираа од претпријатието се поставуваше цевковод од полиетиленски материјал со профил ф90 мм во должина од 178 метри, а целта е да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите.
OhridNews