Екипи од јавното претпријатие „ Нискоградба“, во рамки на своите активности започна со изведба на канализациона мрежа на крак од улицата „ Александар Турунџе“.

– Со изградбата и приклучување во мрежата за одведување на отпадни води продолжуваат активностите на изведување на мрежа секаде каде има минимални услови за тоа, а се со цел подобрување на квалитетот на живеење на населението, потенцираат од претпријатието.

Од претпријатието информираат дека е предвидено да се изведат три ревизиони шахти и ќе се постават цефки Ф 200 во должина од 100 метри.

OhridNews