Заради потребите во врска со првата фаза од проектот за кружниот тек  на  пресекот на улиците „ Јане Сандански“ и „ Туристичка“ и изведба на водоводна инсталација за таа намена, МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид моментално работи на елиминирање на азбест цементна цевка на „ Туристичка“ и изведба на нова линија со полиетиленска цевка ф 110мм во должина од 150 метри.

Од претпријатието информираат дека истовремено ќе се извршат и преприклучувања на сите корисници на вода од овој потег кон новата водоводна линија.

OhridNews