ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за новиот комплекс згради во населбата Бејбунар.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, посочуваат од Водовод, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал во должина од 1305 метри и тоа:
- Профил ф160 мм во должина од 720 метри
- Профил ф110 мм во должина од 537 метри
- Профил ф90 мм во должина од 48 метри
Средствата во вредност од 11.973.439,00 денари, за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Во првата фаза поставен е цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 88 метри и два приклучоци за новоизградените објекти, информира ЈП Водовод Охрид.
OhridNews