Во рамки на годишната програма на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, започна поставувањето на нови автобуски постојки на територијата на општина Охрид.
Како што беше најавено, ќе бидат поставени вкупно пет нови автобуски постојки на најфреквентните локации- на булеварот „Туристичка“, две во близина на маркетот „Тамаро“ непосредно пред пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Абас Емин“,една кај новоизградениот кружен тек на прескот на „ Туристичка“ со улицата „Македонски просветители“. Ќе биде поставена нова автобуска постојка и помеѓу гимназијата „Св. Климент Охридски“ и ОУ „Григор Прличев“, а пследната ќе биде веднаш после пресекот на „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“.
Изведувач на градежните актиности е градежната фирма „Турбоинжинеринг“ од Скопје, а вкупната вредонст на инвестицијата изнесува 1.040 000 денари, средства во целост обезбедени од буџетот на општина Охрид.
Од локалната самоуправа информираат дека наскоро е предвиднео да се постават нови автобуски постојки и на помалку фреквентни локации во општината.
OhridNews