Во тек е поставување електричен кабел и водоводна цевка до храмот „Света Петка“ во Дебрца, со што треба да се обезбеди негово снабдување со струја и вода, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски.

Според објавата, се поставуваат 1.200 метри електричен кабел, како и цевка за водоснабдување. Сиљаноски наведува дека работите се изведуваат на празникот посветен на Света Петка и дека обезбедувањето струја и вода за храмот било негова долгогодишна желба.

„За мене ова не е само работа — ова е благодарност, завет и грижа за нашиот дом и нашата Дебрца“, напиша Сиљаноски во објавата на Фејсбук.

Тој најави дека ќе продолжат активностите за уредување на верските објекти во општината.