Се поставуваат струја и водовод до храмот „Света Петка“ во Дебрца
22.11.26 12:15
Во тек е поставување електричен кабел и водоводна цевка до храмот „Света Петка“ во Дебрца, со што треба да се обезбеди негово снабдување со струја и вода, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски.
Според објавата, се поставуваат 1.200 метри електричен кабел, како и цевка за водоснабдување. Сиљаноски наведува дека работите се изведуваат на празникот посветен на Света Петка и дека обезбедувањето струја и вода за храмот било негова долгогодишна желба.
„За мене ова не е само работа — ова е благодарност, завет и грижа за нашиот дом и нашата Дебрца“, напиша Сиљаноски во објавата на Фејсбук.
Тој најави дека ќе продолжат активностите за уредување на верските објекти во општината.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на граѓаните Албанци, со порака дека заедничка должност е да се гради општество во кое различности...
На граничниот премин „Ќафасан“ претпладнево ќе биде промовиран интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ На промоцијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски ...
Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобна Матрона Цариградска Житие за Преподобна Матрона Цариградска: Од Пергија Памфилиска Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски голем...