На неколку места по должината на патеката кај каналот Студенчишта која води до Билјани извори се повеќе можат да се забележат поголеми оштетувања, односно поткопување на асфалтот.

До сега, граѓаните на неколку наврати преку OhridNews рагираа за овој проблем, кој веќе со години се провлекува на оваа локација.

Инаку, во август оваа година од Капетанијата на пристаништа најавија дека оваа есен едниот брег од каналот Студенчишта кој и припаѓа на локалната самоуправа ќе се уредува соодветно.

O.T.