На барање на производителот Bristol – Myers SQUIBB, Аген, Франција, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) одобри повлекување на лекот  EFFERALGAN орален  раствор 30mg/ml со сериски броеви:  Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180.

Останатите серии не се предмет на повлекување.

Доброволното повлекување на овие серии е предложено како мерка на предострожност по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) во опремата за пакување на производот (надворешно) од страна на производителот.

„Нема простор за паника, бидејќи,  станува збор за доброволно  повлекување на лекот од пазарот во сите земји до ниво на аптека, а не до ниво на пациент, бидејќи не станува збор за квалитетот на лекот. До овој момент од паразарот се повлечени 1.231 сируп“, велат од Агенцијата за лекови и медицински средства.

Агенцијата за лекови и медицински средства примероци од истите испрати до Фармацевтскиот факултет и Институтот за Јавно здравје за контрола на квалитетот.

OhridNews

Извор:„Макфакс“

Bristol – Myers SQUIBB, Аген, Франција, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) одобри повлекување на лекот  EFFERALGAN орален  раствор 30mg/ml со сериски броеви:  Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180.