ЈП Водовод започна со реализација на втората фаза од проектот за поврзување на новиот цевковод со новата препумпна станица Шипокно.

Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, поставени се и поврзани пумпи MZT 5, MSSI 40-4 и електромашинска опрема, за што беше направена и комплетно целосна инсталација за поврзување на пумпите со новиот цевковод, информире ЈП Водовод.
Средствата за овој зафат во вредност од 468.360 денари, се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews














