Најраздвижено е во месарниците каде по традиција се купува јагнешко месо кое ќе се најде на велигденската трпеза во недела. Цената за килограм е 360 денари. Сопствениците на месарниците најавуваат дека цената на јагнешкото месо може деновиве да достигне и до 400 денари.
Се купуваат и јајца и бои за вапцување. Цената за шаблон јајца е од 160 до 210 денари, зависно од нивната големина.