Македонското книжевно богатсво, деновиве е збогатено со нови 20 преведени дела на добитниците на Нобелова награда за литература. Преку овие дела, на граѓаните во земјава ќе им се овозможи да се запознаат подобро со најпознатите книги од светската книжевност.

На вчерашната промоција во Скопје, Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска потенцира дека на читателите ќе им се овозможи увид во сложеното литературно творештво. „Граѓаните во земјава ќе можат да се запознаат со ремек делата на нобеловците Сенкјевич, Кимплинг, Хамсунг, Бергсон, Пирандело, Хесе, Расел, Стајнбек и други познати автори. Тие ќе претставуваат репер за натамошните развојни процеси на македонската литература“ – изјави Канческа-Милеска.


Покрај овој проект, се реализира и планот насловен како „Ѕвездите на светската книжевност“. Со него се предвидува преведување на 560 дела на познати автори од светот, а досега се промовирани само 56 книги.

Според ресорниот министер, покрај вчера промовираните дела се планира до март идната година да бидат преведени и отпечатени уште 21-на книга на добитници на Нобеловата награда.

OhridNews