Четворица полицајци се повредени во сообраќајната несреќа во која се превртел полициски џип, вчера на автопатот Тетово-Гостивар, јавуваат националните медиуми.
Според неофицијални информации возачот ја загубил контролата врз возилото обидувајќи се да избегне човек кој го преминувал автопатот.
Повредените полицајци се надвор од животна опасност.
OhridNews