Интензивни превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор, контакти со излетници и туристи, сточари и со други посетители во Националниот парк „Галичица„ но и во другите шумски појаси, беа договорени во рамки на синоќешниот состанок кој го одржа Советодавната група граѓани од Пештани, претставниците на СВР Охрид, Националниот парк „Галичица„ шумската Полиција и регионалниот центар за управување со кризи.


Со цел запознавање со опасностите од пожар и негово предизвикување како казнено дело, предвидена е интензивна дистрибуција на флаери и друг едукативен материјал, во кој се укажува на забраната за палење оган, правење скари, фрлање на догорчиња и секаков лесно запалив материјал.



Договорени се поинтензивни контакти со претставниците на советодавната група граѓани со цел навремено информирање за појави на пожари односно навремено преземање заеднички мерки за елиминирање на можностите од пожар на отворен простор.

OhridNews