Локалната самоуправа презема мерки за повторно воспоставување на општинскиот линиски превоз со кој беа опфатени населбата „Гоце Делчев“ и улицата „Железничка“, Воска и Видобишта, а кој згасна по само неколку недели функционирање. Како што беше кажано, до укинување на превозот дојде по барање на превозниците кои тврдеа дека линиите не се профитабилни.


– Во локалната самопурава се врши сериозна анализа и наскоро ќе се објави тендер за пројавување интерес за користење на овие линии. Тенденција е линискиот превоз да не биде користен од една фирма, туку од страна на оние превозници кои по транспарентна постапка, ќе понудат најповолни услови и ќе ги исполнат бараните критериуми наведени на тендерот, изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Сапасески.

OhridNews