Под мотото „МОЈА ИДЕЈА, ЗА МОЈОТ ГРАД ДА БИДЕ ВЕЧНО МЛАД“, Локалниот совет на млади при општина Охрид спроведува кампања со цел да се се соберат што поголем број идеи во насока на подобрување на општествениот живот во Охрид и статусот на младите.
Како што информираат од Локалниот совет, идеите во писмена форма може да се достават во Архивата на општината со назнака за Локален совет на млади или по електронски пат на следниот маил: [email protected]
Кампањата е дел од Програмата за работа на Локалниот совет на млади при Општина Охрид за 2014 год.
OhridNews